
Култура
Во галеријата „Остен“ 53-та светска галерија на карикатури

Мора да сте најавени за да додадете коментар Најава
Оставете одговор
You must be logged in to post a comment.
Култура
Од вчера во во галеријата ОСТЕН беше отворена официјалната изложба на 53-та СВЕТСКА ГАЛЕРИЈА на КАРИКАТУРИ Скопје 2021 на која ќе бидат изложени карикатурите од селектираните и наградените карикатуристи, а на присутните наградени карикатуристи ќе им бидат врачени наградите.
По овој повод, во Скопје се дојдени карикатуристи од Белгија, Израел, Хрватска, Србија… Специјални гости на настанот се карикатуристи – финалисти на Проектот за дигитални карикатури „ЕУ – работа во тек…“, кој ОСТЕН го организираше во партнерство со Гете-институтот Скопје.
Во рамките на активностите предвидени со Проектот за дигитални карикатури „ЕУ – работа бо тек…“ деновиве се одвиваат и следните програмски активности:
2-4 ноември (вто.-сре.-чет.) 2021 | 3-дневна креативна работилница за млади карикатуристи од регионот, предавач: Лук Десхимакер, Белгија (http://www.cartoongallery.eu/englishversion/gallery/belgium/luc-descheemaeker-o-sekoer)
4 ноември (четврток) 2021 во 19 ч. во Куќата на Европа (Делегација на ЕУ во Скопје) ќе биде одржана панел дискусија на тема „Надежи и стравови за пристап до ЕУ – преку острото око на карикатуристот“.
ОСТЕН е препознатлив бренд во областа на уметноста, слободната мисла и слободното творештво уште од 1945. Како голем љубител на уметноста и пасиониран колекционер на уметнички дела, преку Светската галерија на карикатури и Светската галерија на цртеж ОСТЕН ги презентира уметниците од светот.
Мора да сте најавени за да додадете коментар Најава
You must be logged in to post a comment.
Facebook
Twitter
Instagram
YouTube
RSS