Услови за користење на содржината на интернет-страницата на „Национална ТВ“
Интернет порталот НТВ.мк (Национална) е во сопственост и го издава правниот субјект „Институт за развој на електронски комуникации – ИНРЕКОМ, Скопје“.
Сите права на содржината, вклучувајќи ги и авторските, се задржани од „Национална“. Со пристапувањето на интернет страницата на „НТВ.мк“, се согласувате дека содржината ќе ја користите само за лични, некомерцијални потреби.
Содржината од интернет-страницата на „Национална“ не е дозволено да се копира, дистрибуира или продава, да се прикажува јавно и да се адаптира, доколку тоа не е регулирано со претходен договор со Редакцијата.
Секое неовластено објавување на содржина односно авторска фотографија, илустрација или текст од електронското издание во било кој друг медиум, издавачот објавува дека чини 15.000 денари без пресметан ДДВ, по едно објавување на една строго посочено авторска фотографија, видео и текст.
Со самото објавување тој што неовластено ќе ја објави содржината, односно фотографија, илустрација или текст се согласува на овие услови и се согласува покрај граѓанска одговорност, издавачот да му испрати фактура според цената објавена во овие правила и се согласува да ја плати во рок од 8 дена по приемот на истата. Во спротивно ке му биде пресметана законска камата.
Заштита на авторските и сродни права
Интернет страницата www.ntv.mk (ntv.com.mk) нејзините содржини, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright).
Информативните содржини на интернет страницата „Национална“, меѓу другото, се дел од Базата на податоци на „Национална ТВ“. Таа база на податоци е сопственост на „Национална“ и во согласност со Законот за заштита на авторски и сродни права е заштитена како самостојно авторско дело.
Дел од информативните содржини на интернет страницата www.ntv.mk (ntv.com.mk) создаваат информации кои се
интелектуална сопственост на деловните партнери на „Национална“. Интернет страницата www.ntv.mk (ntv.com.mk) содржи заштитени жигови, знаци и називи на друштвото, вклучително и жигот и називот „NTV, НТВ, Национална, НТВ.мк, NTV.mk“. Заштитените жигови, знаци и називи на правниот субјект „Институт за развој на електронски комуникации – ИНРЕКОМ, Скопје“ и не смеат да се користат без изричито писмена согласност од „НТВ.мк“ или од ИНРЕКОМ – Скопје
Заштита на приватноста и тајност на податоците
Интернет страницата www.ntv.mk (ntv.com.mk) ја почитува приватноста на своите посетители. Податоците на посетителите не се достапни за трети лица, освен во случаи поинаку пропишани со закон.
Врски (линкови) до други интернет страници
Некои од врските (линковите) на интернет страницат www.ntv.mk водат кон интернет страници и сервиси на други извори на информации и информирање. „Национална“ на никаков начин не е одговорна за содржините на тие страници и сервиси.
ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ
„Национална“ ја почитува приватноста на корисниците на своите информативни сервиси и услуги, како и приватноста на посетителите на интернет страницата www.ntv.mk (ntv.com.mk). Собирањето, чувањето, користењето и поништувањето на личните податоци се одвива во согласност со Законот за заштита на личните податоци (СВ. 7/05).
Сите лични податоци кои се добиени во електронска или друга форма, како и податоците кои лицето ги внело во обрасците и формуларите на интернет страницата „Национална“, се смета дека се добиени со согласност на тоа лице. „НТВ.мк“ не е одговорна за последиците, материјална или друга штета која може да се јави кај лицето и кај друго физичко или правното лице, доколку лицето даде/внесе неточни или нецелосни податоци.
Личните податоци се добиени единствено и исклучиво заради непречено обезбедување и доставување на информативните сервиси и услуги на „Национална“ на испитаникот/корисникот или на посетителот на интернет страницата www.ntv.mk
„Национална“ ги чува личните податоци на испитаникот/корисникот само додека трае обврската поради која податоците се добиени. Кога ќе престане договорниот или друг вид на однос помеѓу „Национална“ и лицето испитаник/корисник, сите лични податоци трајно се отстрануваат од Збирката лични податоци на „НТВ.мк“, во рок од 90 дена.
„Национална“ се обврзува обработката на личните податоци да не ја поверува, ниту нив да ги отстапува на трети лица. Личните податоци на корисниците на информативните сервиси и услуги на „НTВ.мк“ и на посетителите на интернет страницата „Национална“, не се достапни за трети лица, освен во случаеви кога тоа е поинаку пропишано со закон. Личните податоци на корисниците на информативните сервиси и услуги на „НТВ.мк“ и на посетителите на интернет страницата www.ntv.mk нема да се користат, ниту ќе бидат отстапени за рекламни, маркетиншки и слични деловни намени.
Контакт: info@ntv.mk
Facebook
Twitter
Instagram
YouTube
RSS