• ПРВА
  • ИНФО
    • Македонија
    • Политика
    • Економија
    • Метропола
    • Регион
    • Хроника
    • Свет
  • АКТУЕЛ
    • Култура
    • Магазин
    • Технологија
    • Автозона
    • Камера
    • Инфо Плус
  • COVID-19
  • КОНТАКТ
  • NTV АРХИВА
NTV.mk
  • ПРВА
  • ИНФО
    • Македонија
    • Политика
    • Економија
    • Метропола
    • Регион
    • Хроника
    • Свет
  • АКТУЕЛ
    • Култура
    • Магазин
    • Технологија
    • Автозона
    • Камера
    • Инфо Плус
  • COVID-19
  • КОНТАКТ
  • NTV АРХИВА
  • Facebook

  • Twitter

  • Instagram

  • YouTube

  • RSS

Култура

„Холандска девица“ на Де Мор во македонски превод

„Холандска девица“ на Де Мор во македонски превод
NTV mk
јули 20, 2016

Оригинално објавено:
20 јули 2016
Автор: Снежана Тодорова


Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје го најави објавувањето на романот „Холандска девица“ од холандската писателка Маренте де Мор. Романот е добитник на Наградата за литература на Европската Унија, 2014 и на АКО, 2011, најважната книжевна награда во Холандија. Преводот на македонски е на Ели Пујовска.

Според оцените на критиката, со Маренте де Мор, холандската книжевност доби мошне оригинален писател, со неисцрпна имагинација. Опасната атмосфера, моралните дилеми и жестоката страст се евоцирани во нејзините прекрасно извајани фрази.

Дејствието на романот започнува со доаѓањето на летото кога 18-годишната Јана треба да тргне сама на енигматично патување во Германија. Татко ѝ ја испраќа кај Егон фон Бетихер, кој треба да ја научи да мечува. Егон е мистериозна личност, но и магнетичен шармер. И Јана едноставно не може да одолее. Но оваа прекрасна книга не е само книга за љубовта и за губењето на невиноста. Годината е 1936.

Пред Јана се отвора светoт на возрасните, полн со прашања и со спротивности. Во нејзините очи се судираат стариот хероизам на аристократската класа и варварството што надоаѓа со ширењето на нацизмот. На раб од големиот историски пресврт на Втората светска војна, Јана ќе доживее индивидуална промена по која нема враќање. Дали ова патување е во еден правец…

Маренте де Мор (1972) е холандска писателка. Студирала словенски јазици. Во 1990-тите живеела во Русија, пишувајќи за холандски и за руски медиуми. Со авторско дело дебитирала во 2007 година. Од 2009 работи како колумнист во списание за политика. Има објавено три романи, како и книги со колумни и со кратки раскази. Романот Холандска девица е преведен на 10 јазици.

Клучни поими:АнтологМаренте де МорХоландска Девица
Додавање коментар

Мора да сте најавени за да додадете коментар Најава

Оставете одговор

Откажи одговор

You must be logged in to post a comment.

Култура
јули 20, 2016
NTV mk | ntvmkd | ntvmk | ntv.mk

ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИАнтологМаренте де МорХоландска Девица

Повеќе од Култура

Во галеријата „Остен“ 53-та светска галерија на карикатури

NTV mkноември 4, 2021
Прочитај повеќе...

Светскиот ден на аудиовизуелно наследство во Кинотека на Македонија

NTV mkоктомври 27, 2021
Прочитај повеќе...

Јубилејно 20 издание на ОФФ Фест, мелем за фестивалските сладокусци

NTV mkоктомври 27, 2021
Прочитај повеќе...

Делата на Родољуб Анастасов на изложба во Музејот на Град Скопје

NTV mkдекември 9, 2020
Прочитај повеќе...

Најавен концертот „Филхармонија за Филхармонија“

NTV mkдекември 7, 2020
Прочитај повеќе...
Скролајте за повеќе
НТВ

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

  • Земјотрес со јачина од 4,3 степени по рихтер ја стресе Грција
    Регионноември 9, 2021
  • Елмас: Со офанзивен фудбал во Ерменија се оди за победа!
    Спортноември 9, 2021

Следете нè на Фејсбук

NTV.mk
  • Популарно

  • НАЈЧИТАНИ 7

  • Коментари

  • Земјотрес со јачина од 4,3 степени по рихтер ја стресе Грција
    Регионноември 9, 2021
  • Елмас: Со офанзивен фудбал во Ерменија се оди за победа!
    Спортноември 9, 2021
  • За една недела 178 непрописно паркирани возила во Општина Центар – паркинг поредокот тешко се почитува
    Метрополаноември 9, 2021

Мој Воздух

НТВ.мк е овозможено од:

NTV.mk

Визијата за „Национална ТВ“ е основање професионален медиум. Во време на поделена медиумска сцена, ќе бидеме мост на различните гледишта.

Издавач: ИНРЕКОМ Скопје

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Приклучете ни се на Фејсбук

NTV.mk

Сите права се задржани © 2022 NTV.mk.

Најавен концертот „Филхармонија за Филхармонија“