Според последните податоци во Србија се потврдени 5.809 случаи позитивни на коронавирус, од тестирани 14.486. Од последиците на вирусот починале 58 лица.
На респиратори низ болниците во Србија се наоѓаат 278 пациенти.
Поради исклучително тешката ситуаија со пандемијата на коронавирусот во Србија трговските центри, продавниците за гардероба, обложувалниците, казината, детските игротеки, фризерските и козметички салони ќе бидат затворени до понделник во 5 часот наутро.
Додека, пак, во последните 24 часа во Словенија се потврдени 1.030 нови случаи на коронавирус од 3.744 тестови, а 44 лица починаа, објави словенечката влада. Оздравеле 51 пациент. Бројот на новозаразени е помал од претходниот ден кога имаше 1.636.
Во Хрватска за последните 24 часа се потврдени 2.899 нови случаи на коронавирус, починаа 72 лица, а бројот на активни случаи е 23.740, објавија хрватските медиуми. Меѓу нив, 2.543 се во болница, од кои 264 се на апарати за дишење.
Од Националниот институт за јавно здравство на Косово се наведува дека, од вчера извршените 1.314 тестови со методот РТ-ПЦР (вкупно 152.677 тестирања досега), позитивни на коронавирусот биле 468 лица. Во текот на вчерашниот ден како излекувани се евидентирани 683 пациенти. Согласно официјалните статистики на косовските здравствено власти, во земјата во моментот има 13.195 активни носители на коронавирусот.
Поврзана вест:
Луѓето без симптоми на КоВИД-19 се помалку заразни отколку симптоматските случаи
Facebook
Twitter
Instagram
YouTube
RSS