Агенцијата за регулирање на медицината на ЕУ потврдува дека била цел на сајбер напад, како и дека го истражува случајот со помош на полицијата.
Европската агенција за лекови (ЕМА), која одобрува лекови, медицински помагала и вакцини за ЕУ, не обезбеди дополнителни информации во врска со настанот.
ЕМА не може да обезбеди дополнителни информации додека трае истрагата. Деталите ќе бидат објавени во догледно време – велат од агенцијата.
Не е познато кога и како се случил нападот, ниту кој стои зад него и дали се загрозени некои податоци.
Сајбер нападите врз здравствените установи се интензивираат за време на пандемијата со „ковид-19“, а хакерите од редовите на шпиони до криминалци се обидуваат да ги добијат најновите сознанија за избувнувањето на инфекцијата и вакцинацијата.
Ројтерс претходно документираше како хакери поврзани со Северна Кореја, Иран, Виетнам, Кина и Русија се обвинети за обид за кражба на информации за вирусот САРС-КоВ-2 и за можен третман.
Facebook
Twitter
Instagram
YouTube
RSS