Салцбург е покраината во Австрија која донесе необична одлука, која предвидува дека во болниците и во домовите за стари лица ќе може да се вработат само луѓе кои биле вакцинирани против Ковид-19.
„Во нашите болници веќе постои де факто обврска за вакцинирање, бидејќи статусот на имунизација се проверува пред вработувањето и вакцините кои недостасуваат мора да бидат примени подоцна“, објасни секретарот за здравство и потпретседател на покраината Салцбург, Кристијан Стекл.
Според него, ваквата одлука ќе се применува за време на новите вработување кога ќе се појави вакцината против коронавирус.
Стекл сака задолжителна имунизација против коронавирус, но не само за болниците и домовите за стари лица, туку и за вработените во градинките и училиштата во Салцбург.
Тој нареди проверка на законските можности.
Сепак, не постои можност за воведување на задолжителна вакцинација против коронавирусот за околу 15.000 лица кои во моментов се активно вработени во болници и во домови за стари лица.
Во Македонија, од друга страна, засега нема најави дека вакцинирањето ќе биде задолжително за било кого.
Facebook
Twitter
Instagram
YouTube
RSS