Обидите за инзаоѓање решение за проблемот со Бугарија околу почетокот на преговори на Македонија со ЕУ. Се наоѓаме во деликатна фаза во меѓусебните односи, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева по средбата со специјалниот претставник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски во Софија.
На прес-конференцијата по средбата Захариева рече дека неправилно било да се зборува за вето, туку она што се случи во Брисел е неодобрување на преговарачката рамка за Македонија.
Захариева зборуваше за неисполнување на Договорот за добрососедство и пријателство од 2017 година, за „еднострано“ блокирање на работата на Мешовитата историска комисија, за „неоснованите“ тврдења за македонско малцинство во Бугарија, како и за, како што рече, антибугарска кампања во Северна Македонија и дискредитирање на Бугарија.
„Да почнеме чекор по чекор да го враќаме загубената доверба, зашто се виде до каде доведе тоа“, изјави Захариева.
Бучковски истакна дека довербата е нарушена, но дека му е драго што Бугарија смета дека со неговото назначување, се сака да се врати довербата, и кон тоа ќе се стремиме во следниот период, рече Бучковски.
„Признаваме дека е нарушена довербата. Јас лично го изразувам задоволството што пријателска Република Бугарија го смета моето назначување како дополнителен напор од наша страна да ја вратиме довербата. Време е во периодот кој претстои да се фатиме за она што е сработено, отколку за празни зборови.
Тој потенцира дека заедничката историја не може да ја промени ниту тој, ниту министерката Захариева.
„Но можеме да ги промениме работите во инфраструктурата, капиталните проекти, посилна соработка во образованието и науката и правец за зближување на двата народи“, изјави Бучковски.
Ваквата изјава од Бучковски доаѓа по изјавите на истакнати личности во Македонија, вклучително и претседателот Пендаровски, кои велат дека станува збор за споделена, но во никој случај заедничка историја со Бугарија.


Facebook
Twitter
Instagram
YouTube
RSS