За да има наша поддршка за РСМ, бугарското малцинство мора да биде внесено во Уставот на С Македонија, рече поранешниот бугарски премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, на средба со претставници на бугарските организации во Македонија. Доскорешниот бугарски премиер и лидер на ГЕРБ вели дека е убеден дека проблемите меѓу двете земји не се нерешливи.
„Северна Македонија нема поблизок пријател од Бугарија. Треба да најдеме начин да ги поправиме нашите односи. Целиот демократски свет ѝ се смее на нашата лоша дипломатија. За нас е важно Северна Македонија да влезе во ЕУ“ – додаде тој.
Борисов вели дека е убеден дека проблемите меѓу двете земји не се нерешливи, сè додека има волја од двете страни и им порача на претставниците на бугарските организации во Македонија дека тие се мостот за пријателство.
Претставниците на бугарските организации побараа од Борисов да се решат прашањата за човековите права и велат дека имаат право да бидат бугарофили, но нагласуваат дека во Македонија се третирани како да не постојат.
„Бугарија повлекува по половина милијарда неделно – тоа се само долгови! Бевме пример на Балканот. Сега болниците ни се преполни – се случи сè лошо што можеше да се случи“ –
изјави поранешниот бугарски премиер.
Во контекст на спорот со Македонија, тој на претставниците на македонските Бугари им рекол дека Бугарија во последните месеци западнала во меѓународна изолација, а демократските држави се исмејувале со нивната слаба дипломатија.
Facebook
Twitter
Instagram
YouTube
RSS