Не е ниту европски ниту демократски на друг народ да му пишувате историја – вели во видео обраќањето премиерот Заев по бугарското вето во Брисел…
Заев вели дека блокадата нема да ја втурнат земјата во омраза кон Европа, во неизвесности, конфликти и во омраза кон нашите соседи и повторување на сценариото после ветото во Букурешт во 2008 година, кога Грција го блокираше нашето влегување во НАТО.
Ставовите на Бугарија во однос на нашата земја се ирационални и навредливи. Не е ниту европски ниту демократски на друг народ да му пишувате историја – вели во видео обраќањето премиерот Заев по бугарското вето во Брисел. Остануваме цврсто во одбрана на македонските национални интереси – потенцира Заев.
Бугарија вчера не ја одобри преговарачката рамка за Македонија на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ и на тој начин не дозволи да се одржи првата меѓувладина конференција на ЕУ со Македонија.


Facebook
Twitter
Instagram
YouTube
RSS