Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов објави на Фејсбук дека денеска се сретнал со специјалниот претставник на македонската влада, Владо Бучковски, и со него заклучиле дека за враќање на довербата мора да се исполнат обврските од Договорот за добрососедство
„Сегашните и следните генерации нема да ѝ простат на Бугарија или на Република Северна Македонија што не најдовме компромис што дава перспектива. За заемна доверба е важно враќање кон стриктно и неповратно исполнување на сите обврски преземени со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Бугарија вложи максимални напори земјите од Западен Балкан да бидат вклучени во НАТО и ЕУ и затоа, за време на нашето претседателство со Советот на ЕУ, ја ставивме темата на прво место. Ова го изјавив за време на мојот состанок, кој претходно денес го одржав во Софија со специјалниот пратеник на владата на Република Северна Македонија за Бугарија, Владо Бучковски“, напиша Борисов на Фејсбук.
Како што соопшти Прес-службата на бугарската Влада, Борисов истакнал дека за изнаоѓање на одржливо и трајно решение за „преостанатите отворени прашања во билатералните односи“, потребен е „прагматичен, искрен и добронамерен пристап, изразен во конкретни активности“.


Facebook
Twitter
Instagram
YouTube
RSS