Новата чешка влада нема да го воведе еврото, изјави денеска идниот министер за финансии, Во наредните четири години, чешката власт нема да го воведе еврото. Постојат резерви во однос на оваа валута.
Иако петте партии кои ја сочинуваат новата владејачка коалиција на десниот центар прифаќаат воведување на еврото, сепак тоа прашање не е во нивната агенда во следните четири години.
– Мораме да ги доведеме во ред јавните финансии, па дури ако некој сака евро, нема изгледи дека сега ќе го воведеме, бидејќи не ги исполнуваме критериумите, посочи Станјур.
Според Министерство за финансии чешкиот буџетски дефицит годинава ќе изнесува 7,7 отсто од бруто домашниот производ, што е двојно повеќе од пропишаните три проценти за влез во еврозоната.
Според Станјур тоа е уште една причина за пролонгирање.
– Наш долгогодишен став е дека еврото треба да го воведуваме само кога тоа е поволно за Чешка, што досега не беше случај, истакна Станјур.
Новата коалиција очекува да ја договори владината програма и поделбата на должностите до 8 ноември, кога новиот состав на Парламентот ќе има прва седница.
Партијата на Станјур, најголемата во коалицијата, е најрезервирана кон еврото.


Facebook
Twitter
Instagram
YouTube
RSS