• ПРВА
  • ИНФО
    • Македонија
    • Политика
    • Економија
    • Метропола
    • Регион
    • Хроника
    • Свет
  • АКТУЕЛ
    • Култура
    • Магазин
    • Технологија
    • Автозона
    • Камера
    • Инфо Плус
  • COVID-19
  • КОНТАКТ
  • NTV АРХИВА
NTV.mk
  • ПРВА
  • ИНФО
    • Македонија
    • Политика
    • Економија
    • Метропола
    • Регион
    • Хроника
    • Свет
  • АКТУЕЛ
    • Култура
    • Магазин
    • Технологија
    • Автозона
    • Камера
    • Инфо Плус
  • COVID-19
  • КОНТАКТ
  • NTV АРХИВА
  • Facebook

  • Twitter

  • Instagram

  • YouTube

  • RSS

Свет

Кратко траеше „слободата“ во Данска: Повторно се воведуваат КОВИД-рестрикции!

Кратко траеше „слободата“ во Данска: Повторно се воведуваат КОВИД-рестрикции!
NTV mk
ноември 9, 2021

По речиси два месеци без никакви епидемиолошки мерки, Владата на Данска реши повторно да воведе ковид-потврди поради наглото зголемување на бројот на заразените.

Тимот за следење на епидемијата ни препорача ковидот да го класифицираме како болест што му се заканува на општеството и повторно да ги воведеме пропусниците, и Владата тоа ќе го почитува – рече премиерката Мете Фредериксен на конференцијата за новинарите.

На крајот на минатата недела здравствените власти предупредија за опасноста од преоптовареност на болниците поради ковидот, грипот и други заразни болести. Вчера во Данска петти ден по ред имаше повеќе од 2.000 новозаразени, а 36 заболени се на интензивна нега.

Со ковид-пропусницата може да се живее. Таа ви овозможува да бидете мирни кога одите во кино или на концерт. Нивното повторно воведување ќе им го искомплицира секојдневието на тие што не се вакцинирани, а мислам дека така и треба да биде – кажа премиерката.

Ковид-пропусниците во Данска првпат беа воведени пролетта, а беа укинати на 10 септември, кога дневниот број на заразените беше четири пати помал отколку сега.

Во Данска 85,9 отсто од повозрасните од 12 години примиле две дози од вакцината. Повторното воведување на корона-пасошот во Данска ќе значи дека гастрономијата и одредени манифестации ќе им бидат достапни само на вакцинираните, оздравените или лицата со негативен тест.

Клучни поими:ВакциниДанскаКовидКоронавирусМеркиСветСлајдерТОП ВЕСТ
Додавање коментар

Мора да сте најавени за да додадете коментар Најава

Оставете одговор

Откажи одговор

You must be logged in to post a comment.

Свет
ноември 9, 2021
NTV mk | ntvmkd | ntvmk | ntv.mk

ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИВакциниДанскаКовидКоронавирусМеркиСветСлајдерТОП ВЕСТ

Повеќе од Свет

Чешка не планира да го воведе еврото како платежна валута

NTV mkноември 2, 2021
Прочитај повеќе...

Фајзер бележи рекорден пораст на приходите

NTV mkноември 2, 2021
Прочитај повеќе...

Нигерија воведува дигитална валута – прва на Африканскиот континент

NTV mkоктомври 28, 2021
Прочитај повеќе...

Најстарата банка во светот не успеа да се приватизира

NTV mkоктомври 27, 2021
Прочитај повеќе...

Северна Кореја издаде уште едно предупредување до САД

NTV mkмарт 27, 2021
Прочитај повеќе...

Хакерска ковид офанзива кон Европската агенција за лекови

NTV mkдекември 10, 2020
Прочитај повеќе...
Скролајте за повеќе
НТВ

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

  • Земјотрес со јачина од 4,3 степени по рихтер ја стресе Грција
    Регионноември 9, 2021
  • Елмас: Со офанзивен фудбал во Ерменија се оди за победа!
    Спортноември 9, 2021

Следете нè на Фејсбук

NTV.mk
  • Популарно

  • НАЈЧИТАНИ 7

  • Коментари

  • Земјотрес со јачина од 4,3 степени по рихтер ја стресе Грција
    Регионноември 9, 2021
  • Елмас: Со офанзивен фудбал во Ерменија се оди за победа!
    Спортноември 9, 2021
  • За една недела 178 непрописно паркирани возила во Општина Центар – паркинг поредокот тешко се почитува
    Метрополаноември 9, 2021

Мој Воздух

НТВ.мк е овозможено од:

NTV.mk

Визијата за „Национална ТВ“ е основање професионален медиум. Во време на поделена медиумска сцена, ќе бидеме мост на различните гледишта.

Издавач: ИНРЕКОМ Скопје

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Приклучете ни се на Фејсбук

NTV.mk

Сите права се задржани © 2022 NTV.mk.

Чешка не планира да го воведе еврото како платежна валута