Општинската изборна комисија во Карпош денеска им ги врачи уверенијата на новоизбраниот градоначалник Стевчо Јакимовски и советниците од Советот во општината.
Потоа во кабинетот на градоначалникот на општината беше извршено примопредавање на функцијата од страна на досегашниот градоначалник Стефан Богоев и новиот градоначалник Стевчо Јакимовски.
По примопредавањето на функцијата градоначалникот Јакимовски одржа состанок со општинската администрација при што на вработените им посака успешна работа во функција на граѓаните.
„Јас го гледам Карпош 30 години напред. Карпошани повторно сакаат весел и цветен Карпош, нешто што беше оваа општина во минатото. Јас победив како Новак Ѓоковиќ. Сакам да кажам дека не газам на трула даска. Го чувствував пулсот на граѓаните на Карпош и ќе работам за доброто на сите“ – рече Јакимовски на изборната вечер по победата.
На изборите за градоначалник во општина Карпош во вториот круг победи кандидатот на ГРОМ Стевчо Јакимовски со 14.864 гласови, а неговиот противкандидат од СДСМ Душко Весковски освои 13.420 гласови.
Facebook
Twitter
Instagram
YouTube
RSS