• ПРВА
  • ИНФО
    • Македонија
    • Политика
    • Економија
    • Метропола
    • Регион
    • Хроника
    • Свет
  • АКТУЕЛ
    • Култура
    • Магазин
    • Технологија
    • Автозона
    • Камера
    • Инфо Плус
  • COVID-19
  • КОНТАКТ
  • NTV АРХИВА
NTV.mk
  • ПРВА
  • ИНФО
    • Македонија
    • Политика
    • Економија
    • Метропола
    • Регион
    • Хроника
    • Свет
  • АКТУЕЛ
    • Култура
    • Магазин
    • Технологија
    • Автозона
    • Камера
    • Инфо Плус
  • COVID-19
  • КОНТАКТ
  • NTV АРХИВА
  • Facebook

  • Twitter

  • Instagram

  • YouTube

  • RSS

Метропола

„ПОЦ“ во општина Центар покрај паркирањето ќе ги уредува и чисти јавните површини

„ПОЦ“ во општина Центар покрај паркирањето ќе ги уредува и чисти јавните површини
NTV mk
ноември 9, 2021

Ќе добие ли општина Центар ефикасна комунална служба со најавата за префлање на надлежностите за комунално одржување на општината во рацете на Јавното претпријатие„Паркинзи Општина Центар“ (ПОЦ)? Со ваквата најава ПОЦ покрај одржување на паркиралиштата и казнување за неправилно паркирање, ќе ги чисти и мете улиците, парковите и плоштадите низ Центар. Од новата општинска администрација на чие чело е градоначалникот од СДСМ, Горан Герасимовски, велат дека веќе течат консултациите со директрот на ПОЦ Васко Кичевски за првичните постапки кои треба да се направат во претпријатието, за да се одвои и зајакне секторот јавна хигиена во посебен нов сектор.

Првично, треба да се дефинира новата структура на претпријатието и постапките за префрлање на хигиеничарите кои се вработени и механизацијата во ПОЦ. Потоа ќе се направи структура за потребните одделенија, број на координатори, поделба на општината на реони и проценка на потребните капацитети. Со ваков пристап, ќе бидеме сигурни дека ќе располагаме со доволно ресурси и прецизен план на работа за да ја одржуваме општината чиста. Анализата за структурата на новиот сектор ќе започне да се прави наредната недела, а по одлука на Советот ќе се започне со нејзино спроведување – вели градоначалникот Герасимовски, и додава дека очекува тоа да профункционира наредната година откако ќе се предвиди буџет за дополнителната дејност.

За успешно функционирање на претпријатието потребно е да се набави и соодветна механизација. До крајот на февруари треба да се набави нова цистерна за чистење на улиците, а ќе се набават и три метларки и дополнително една помала за чистење на пешачките зони.

Герасимовски вели дека ќе се формираат и таканаречени маалски патроли, кои ќе бидат задолжени за грижа и заштита од уништување на јавното добро и урбаната опрема. Со проширување на дејноста на ПОЦ во комунално претпријатие, општината ќе обезбеди чисти улици и паркови секаде и во секое време. За јавната хигиена Герасимовски во кампањата исто така најави и „маалски патроли“ кои ќе бидат задолжени за грижа и заштита од уништување на јавното добро и урбаната опрема.

Клучни поими:Горан ГерасимовскиКомунална ХигиенаОпштинаПОЦПретпријатиеПроектСлајдерТОП ВЕСТЦентар
Додавање коментар

Мора да сте најавени за да додадете коментар Најава

Оставете одговор

Откажи одговор

You must be logged in to post a comment.

Метропола
ноември 9, 2021
NTV mk | ntvmkd | ntvmk | ntv.mk

ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИГоран ГерасимовскиКомунална ХигиенаОпштинаПОЦПретпријатиеПроектСлајдерТОП ВЕСТЦентар

Повеќе од Метропола

За една недела 178 непрописно паркирани возила во Општина Центар – паркинг поредокот тешко се почитува

NTV mkноември 9, 2021
Прочитај повеќе...

Стевчо Јакимовски ја презема градоначалничката функција во Карпош

NTV mkноември 4, 2021
Прочитај повеќе...

Само 80 казни за непрописно паркирани возила во Општина Центар

NTV mkоктомври 27, 2021
Прочитај повеќе...

Основното училиште „Ѓорче Петров“ во Дексион конечно ќе се „спаси“ од азбестниот кров

NTV mkмарт 27, 2021
Прочитај повеќе...

Град Скопје ќе врши заеднички инспекциски надзор со другите општини

NTV mkдекември 9, 2020
Прочитај повеќе...

Општина Центар рушеше дивоградби на Водњанска

NTV mkдекември 9, 2020
Прочитај повеќе...
Скролајте за повеќе
НТВ

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

  • Земјотрес со јачина од 4,3 степени по рихтер ја стресе Грција
    Регионноември 9, 2021
  • Елмас: Со офанзивен фудбал во Ерменија се оди за победа!
    Спортноември 9, 2021

Следете нè на Фејсбук

NTV.mk
  • Популарно

  • НАЈЧИТАНИ 7

  • Коментари

  • Земјотрес со јачина од 4,3 степени по рихтер ја стресе Грција
    Регионноември 9, 2021
  • Елмас: Со офанзивен фудбал во Ерменија се оди за победа!
    Спортноември 9, 2021
  • За една недела 178 непрописно паркирани возила во Општина Центар – паркинг поредокот тешко се почитува
    Метрополаноември 9, 2021

Мој Воздух

НТВ.мк е овозможено од:

NTV.mk

Визијата за „Национална ТВ“ е основање професионален медиум. Во време на поделена медиумска сцена, ќе бидеме мост на различните гледишта.

Издавач: ИНРЕКОМ Скопје

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Приклучете ни се на Фејсбук

NTV.mk

Сите права се задржани © 2022 NTV.mk.

Стевчо Јакимовски ја презема градоначалничката функција во Карпош
За една недела 178 непрописно паркирани возила во Општина Центар – паркинг поредокот тешко се почитува