Премолчено вето од Данска и Холандија, ова се двете земји кои се приклучија кон бугарското вето за Северна Македонија, изјави дипломатски извор за бугарскиот весник „24 часа“.
Изворот на весникот тврди дека и да нема спорни прашања за Македонија, постои големо неодобрување за преговарачката рамка за Албанија.
Откако Бугарија го блокираше почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ, за време на состанокот на ниво на амбасадори во Брисел, прашањето повторно ќе биде отворено на состанок на 7-ми декември. За следниот ден е закажан Советот за општи работи, на кој повторно ќе се дискутира за процесот за преговори на Северна Македонија.
Пред два дена Комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји, побара од Северна Македонија да вложи напори за изнаоѓање на решение со Бугарија. Во меѓувреме тече состанокот на мешовитата комисија за историски прашања, а македонската Влада продолжува со напорите да се договори со Софија и да oвозможи почеток на преговорите со Унијата.
На ваквите пишувања денеска реагираше и Амбасадата на Холандија во Македонија од каде преку Фејсбук, ваквите наводи ги карактеризираат како лажни вести.
Извештаите во некои медиуми дека Холандија ја поддржува Бугарија во блокирање на Рамката за преговори за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ се целосно неосновани и лажни вести.
На 30 октомври 2020 година, владата на Холандија го извести холандскиот парламент за својата одлука дека може да се одржи првата меѓувладина конференција (МВК) за Северна Македонија. Таа позиција останува, се разбира, непроменета. Холандија, и тогаш и сега, е на мислење дека Северна Македонија направила добар напредок и дека Меѓувладина седница може да се одржи веднаш штом ќе се договори Рамката за преговори – велат од амбасадата


Facebook
Twitter
Instagram
YouTube
RSS