• ПРВА
  • ИНФО
    • Македонија
    • Политика
    • Економија
    • Метропола
    • Регион
    • Хроника
    • Свет
  • АКТУЕЛ
    • Култура
    • Магазин
    • Технологија
    • Автозона
    • Камера
    • Инфо Плус
  • COVID-19
  • КОНТАКТ
  • NTV АРХИВА
NTV.mk
  • ПРВА
  • ИНФО
    • Македонија
    • Политика
    • Економија
    • Метропола
    • Регион
    • Хроника
    • Свет
  • АКТУЕЛ
    • Култура
    • Магазин
    • Технологија
    • Автозона
    • Камера
    • Инфо Плус
  • COVID-19
  • КОНТАКТ
  • NTV АРХИВА
  • Facebook

  • Twitter

  • Instagram

  • YouTube

  • RSS

Македонија

Владата прогласи енергетска криза, РЕК Битола само со еден блок вратен во функција

Владата прогласи енергетска криза, РЕК Битола само со еден блок вратен во функција
NTV mk
ноември 9, 2021

Енергетската криза тропа на вратите на македонските домови, енергетската состојба во земјава е критична, а така е бидејќи се направени бројни пропусти во изминатиот период – велат експертите. Ваквата ситуација во Европа се навестувала уште во април и мај, а според сите параметри порблем е и „незнаењето“ при водењето на енергетскиот сектор. Во јавноста веќе има стравувања од рестрикции и зголемување на сметките за струја, но македонските власти уверуваат дека рестрикции нема да има, а дека сметките ќе останат исти до крајот на годината.

На целокупната состојба се надоврза и хаваријата во РЕК Битола кога речиси 24 часа централата беше комплентно исклучена и не поризведе ниту еден киловат откако Блокот 1, едниствениот кој работеше, мораше да биде исклучен заради поправка на дефект, пукната цевка во котелот. Првиот Блок на РЕК Битола повторно е во функција, произведува струја и е приклучен на енергетската мрежа, соопштија од раководството на Комбинатот.

Од ЕСМ најавуваат дека до крајот на неделава треба да заврши ремонтот во Блок 2, кој бил плански, и тој да биде ставен во погон и да почне да произведува струја за домаќинстава. Блок 3 по петочната хаварија ќе биде во погон најмалку еден месец.

ТЕЦ Осломеј не е во функција, и таму се врши ремонт, и истовремено се чека на јагленот од Косово без кој не може да се рестартира. ТЕЦ Неготино чека мазут од државата за да ги вклучи двата блока чиј капацитет е 180 мегавати.

Со оглед на фактот дека домашните капацитети се десеткувани и произведуваат далеку под минималните потреби на домаќинствата ЕСМ во изминативе неколку дена од берзите купи 31 илјада гигавати струја за 6,5 милиони евра

Министерот за економија Крешник Бектеши минатата недела рече дека енергетската кризна состојба ќе ја прогласат поради големите ценовни шокови на берзите за струја и за да може Владата директно да вбризга средства во буџетот во ЕСМ и МЕПСО за да се зголеми нивната ликвидност.

„Од Министерството за економија се обезбедени околу 100 милиони евра за да може да се интервенира во овие две компании за да може МЕПСО да ги покрие долговите кои ги има, а ЕСМ да обезбеди јаглен за производство на електрична енергија“, рече Бектеши.

Од АД ЕСМ посочија дека струја за домаќинствата има и дека компанијата во целост ги испорачува потребните количини на електрична енергија кон универзалниот снабдувач за домаќинствата ЕВН Хоум.

Клучни поими:ВладаЕВНЕнергетска кризаКризаМакедонијаМЕПСОРЕК БитолаСлајдерСтрујаТОП ВЕСТ
Додавање коментар

Оставете одговор

Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Македонија
ноември 9, 2021
NTV mk | ntvmkd | ntvmk | ntv.mk

ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИВладаЕВНЕнергетска кризаКризаМакедонијаМЕПСОРЕК БитолаСлајдерСтрујаТОП ВЕСТ

Повеќе од Македонија

Тешко се почитува пропишаната брзина во тетовско и гостиварско

NTV mkноември 4, 2021
Прочитај повеќе...

Поднесени 23 приговори до ДИК за текот на гласањето на локалните избори

NTV mkноември 3, 2021
Прочитај повеќе...

МВР ќе издава лични карти и за време на викендот поради изборите

NTV mkоктомври 28, 2021
Прочитај повеќе...

Корона-статистиката урива рекорди: 46 починати, меѓу нив и 28 годишно лице

NTV mkдекември 9, 2020
Прочитај повеќе...

Државата да обезбеди навремено достапен инсулин, бараат Дијабетичарите

NTV mkдекември 9, 2020
Прочитај повеќе...

Пообилен дожд и облаци денеска над Македонија

NTV mkдекември 7, 2020
Прочитај повеќе...
Скролајте за повеќе
НТВ

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

  • Земјотрес со јачина од 4,3 степени по рихтер ја стресе Грција
    Регионноември 9, 2021
  • Елмас: Со офанзивен фудбал во Ерменија се оди за победа!
    Спортноември 9, 2021

Следете нè на Фејсбук

NTV.mk
  • Популарно

  • НАЈЧИТАНИ 7

  • Коментари

  • Земјотрес со јачина од 4,3 степени по рихтер ја стресе Грција
    Регионноември 9, 2021
  • Елмас: Со офанзивен фудбал во Ерменија се оди за победа!
    Спортноември 9, 2021
  • За една недела 178 непрописно паркирани возила во Општина Центар – паркинг поредокот тешко се почитува
    Метрополаноември 9, 2021

Мој Воздух

НТВ.мк е овозможено од:

NTV.mk

Визијата за „Национална ТВ“ е основање професионален медиум. Во време на поделена медиумска сцена, ќе бидеме мост на различните гледишта.

Издавач: ИНРЕКОМ Скопје

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Приклучете ни се на Фејсбук

NTV.mk

Сите права се задржани © 2021 NTV.mk.

Тешко се почитува пропишаната брзина во тетовско и гостиварско