Мора да сте најавени за да додадете коментар Најава
Оставете одговор
You must be logged in to post a comment.
Свет
Непозната болест коси во индиската држава Андра Прадеш, до сега најмалку едно лице го загубило животот, а бројката од 300 хоспитализирани се зголемува.
Неидентикуваната болест ги зачуди лекарите со манифестација на различни симптоми од мачнина до напад и несвестица, иако како што наведуваат властите, голем дел од хоспитализираните лица оздравеле и брзо се пуштени дома.
Луѓето кои се разболеа, особено децата, ненадејно почнаа да повраќаат откако се пожалија дека им горат очите. Некои од нив се онесвестија или претрпеа напади – соопштуваат од државната болница во градот Елуру.
Локалните медиуми пренесуваат дека пациентите направиле тестови за коронавирус и дека сите биле негативни.
Мора да сте најавени за да додадете коментар Најава
You must be logged in to post a comment.
Facebook
Twitter
Instagram
YouTube
RSS