Една нова студија објавена во списанието JAMA Network Open открива дека жените кои при исхраната ги следат принципите на медитеранската диета имаат дури 30% помали шанси да заболат од дијабетес тип 2.
Ова истражување траело цели 20 години, а научниците од „Brigham and Women’s Hospital“ набудувале 25.000 учесници кои пополнувале прашалници за зачестеноста на нивните оброци, опишувајќи што јадат секој ден.
Сите учесници јаделе според правилата на медитеранската диета, во кои се потенцирани здравите масти – од маслиново масло, ореви, семки и масна риба – како и цели зрна, овошје, зеленчук и мешунки.
Водачите на студијата, д-р Самија Мора и д-р Шафкат Ахмад, ја проучувале врската помеѓу исхраната, дијабетесот тип 2 и другите биомаркери кои можат да бидат одговорни за разни метаболички болести.
Учесниците секој ден ја оценувале храната што ја јадат, со оценки од нула до девет, притоа внесоа поголема оценка за поголемо внесување на овошје, зеленчук, житарки, мешунки, јаткасти плодови и риба, а пониски оценки за црвено или преработено месо.
Покрај тоа, жените постојано го мерележ нивото на холестерол и липопротеин, како и инсулинската резистенција, а оние кои главно јаделе според медитеранската диета, имале помали шанси да развијат дијабетес на почетокот на студијата.
„Намалениот ризик за дијабетес тип 2 веројатно е поврзан со антиоксидантните и антиинфламаторните својства на повеќето намирници вклучени во медитеранската диета“ – објаснува д-р Ахмад за MindBodyGreen.
Сепак, ова истражување има и некои ограничувања, најмногу затоа што неговите учесници биле претежно бели жени и здравствени работници, а не вклучуваше различни групи. Сепак, водачите нагласуваат дека овие откритија ветуваат и покажуваат дека можеме да управуваме со нашите метаболички здравствени ризици самостојно и со тоа да спречиме некои болести и состојби.
Facebook
Twitter
Instagram
YouTube
RSS