Силна експлозија утрово пред 10 часот одекна пред зградата на српската државна телевизија РТС во Белград. Едно лице загина, а две се тешко повредени.
Пожарникарите и екипите на брзата помош се на терен.
Според РТС, експлозијата се случила на улицата Абердарева пред зградата на телевизијата, каде што работниците работеле на реконструкција на инсталациите. Меѓу самите работници има повредени.
Покрај повредените, од силината на експлозијата оштетени се неколку возила на Радио Телевизија Србија како и прозорците на зградата.
Facebook
Twitter
Instagram
YouTube
RSS