• ПРВА
  • ИНФО
    • Македонија
    • Политика
    • Економија
    • Метропола
    • Регион
    • Хроника
    • Свет
  • АКТУЕЛ
    • Култура
    • Магазин
    • Технологија
    • Автозона
    • Камера
    • Инфо Плус
  • COVID-19
  • КОНТАКТ
  • NTV АРХИВА
NTV.mk
  • ПРВА
  • ИНФО
    • Македонија
    • Политика
    • Економија
    • Метропола
    • Регион
    • Хроника
    • Свет
  • АКТУЕЛ
    • Култура
    • Магазин
    • Технологија
    • Автозона
    • Камера
    • Инфо Плус
  • COVID-19
  • КОНТАКТ
  • NTV АРХИВА
  • Facebook

  • Twitter

  • Instagram

  • YouTube

  • RSS

Регион

Опозицијата во Р.Српска контра Додиќ: Неговата политика го загрозува мирот!

Опозицијата во Р.Српска контра Додиќ: Неговата политика го загрозува мирот!
NTV mk
ноември 9, 2021

Опозициските партии во Република Српска нема да ја следат политиката што ја води Милорад Додик бидејќи сметаат дека на тој начин го загрозува мирот низ БиХ, потврди еден од опозициските лидери Мирко Шаровиќ по средбата со американскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

„Ни требаат нормални политики, не ни требаат оние кои ги разгоруваат страстите и нè водат во опасна ситуација”, рече Шаровиќ, кој е претседател на Српската демократска партија (СДС).

Оценката на опозициските лидери е дека планот на Додик за носење закони со кои на државно ниво ќе се урнат вооружените сили, судството и даночната и царинската политика предизвикува конфликти кои можат да имаат катастрофални последици во цела БиХ.

Шаровиќ рече дека Додик се обидува да ја искористи актуелната криза во БиХ за да ја зајакне својата влада.

Опозицијата смета дека отворените прашања треба да се решаваат со дијалог, бидејќи „сите еднострани одлуки се крајно опасни”.

За време на состанокот со највисоките претставници на БиХ во Сараево во понеделникот, американскиот специјален пратеник за Западен Балкан, исто така, рече дека Соединетите Американски Држави се противат на едностраните одлуки, вклучително и можното оспорување на законите што претходно ги усвои Парламентот на БиХ.

Ескобар изјави дека постои можност српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик да ја повлече одлуката на Народното собрание на Република Српска, што се однесува на блокада на работата на институциите на БиХ.

– Имав продуктивен состанок со Милорад Додик и отворена можност да биде повлечена донесената одлука, посочи Ескобар во Сараево.

Извор: МИА

Клучни поими:БиХМилорад ДодиќОпозицијаПолитикаРепублика СрпскаТОП ВЕСТ
Додавање коментар

Мора да сте најавени за да додадете коментар Најава

Оставете одговор

Откажи одговор

You must be logged in to post a comment.

Регион
ноември 9, 2021
NTV mk | ntvmkd | ntvmk | ntv.mk

ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИБиХМилорад ДодиќОпозицијаПолитикаРепублика СрпскаТОП ВЕСТ

Повеќе од Регион

Земјотрес со јачина од 4,3 степени по рихтер ја стресе Грција

NTV mkноември 9, 2021
Прочитај повеќе...

Бугарија си го присвои 24 Мај како ден на бугарската азбука

NTV mkдекември 10, 2020
Прочитај повеќе...

Црна Гора: Претставен првиот електричен мултикоптер од домашно производство

NTV mkдекември 10, 2020
Прочитај повеќе...

Хрватска се бори со поплави во Истра, Омис и Дубровник

NTV mkдекември 10, 2020
Прочитај повеќе...

Невреме на хрватското крајбрежје, удари на ветер и бранови до пет метри

NTV mkдекември 6, 2020
Прочитај повеќе...

Расте бројот на заразени и починати од Коронавирус во Регионот

NTV mkдекември 6, 2020
Прочитај повеќе...
Скролајте за повеќе
НТВ

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

  • Земјотрес со јачина од 4,3 степени по рихтер ја стресе Грција
    Регионноември 9, 2021
  • Елмас: Со офанзивен фудбал во Ерменија се оди за победа!
    Спортноември 9, 2021

Следете нè на Фејсбук

NTV.mk
  • Популарно

  • НАЈЧИТАНИ 7

  • Коментари

  • Земјотрес со јачина од 4,3 степени по рихтер ја стресе Грција
    Регионноември 9, 2021
  • Елмас: Со офанзивен фудбал во Ерменија се оди за победа!
    Спортноември 9, 2021
  • За една недела 178 непрописно паркирани возила во Општина Центар – паркинг поредокот тешко се почитува
    Метрополаноември 9, 2021

Мој Воздух

НТВ.мк е овозможено од:

NTV.mk

Визијата за „Национална ТВ“ е основање професионален медиум. Во време на поделена медиумска сцена, ќе бидеме мост на различните гледишта.

Издавач: ИНРЕКОМ Скопје

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Приклучете ни се на Фејсбук

NTV.mk

Сите права се задржани © 2022 NTV.mk.

Бугарија си го присвои 24 Мај како ден на бугарската азбука
Земјотрес со јачина од 4,3 степени по рихтер ја стресе Грција