Бугарското собрание со мнозинство гласови вчера го преименува празникот што се чествува на 24-ти мај. Отсега ќе се нарекува „Ден на светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука, образование и култура и на словенската литература“, а не како претходно „Ден на бугарското образование и култура и словенска писменост“.
Предлогот беше на партијата предводена од Красимир Каракачанов, ВМРО-БНД, а поддршка доби и од коалицискиот партнер ГЕРБ.
Против идејата се изјаснија опозиционерите од БСП.
Законот за работни односи не е место за решавање на историски спорови. Овој потег нема за цел да изгради национална самодоверба и патриотизам, туку да го одвлече вниманието на бугарското општество од сегашните проблеми, изјави опозицискиот пратеник Георги Гоков.
На 1 октомври бугарското собрание со 73 гласа „за“, 4 „против“ и 34 „воздржани“ го усвои во прво читање предлогот на коалицијата „Обединети патриоти“ предводена од ВМРО-БНД
Неспорен факт е бугарскиот придонес кон кирилицата и систематските и груби напади од Русија и од Македонија против бугарскиот национален идентитет во оваа насока, од друга страна напомена пратеникот Тома Биков од партијата на Борисов.
Гласањето во бугарскиот парламент е истиот ден кога специјалниот претставник на Владата Владо Бучковски беше во прва посета на Софија, чија цел е, како што изјавија на заедничката прес – конференција со бугарската министерка за надворешни работи Захариева, обнова на нарушената доверба меѓу двете земји.


Facebook
Twitter
Instagram
YouTube
RSS