• ПРВА
  • ИНФО
    • Македонија
    • Политика
    • Економија
    • Метропола
    • Регион
    • Хроника
    • Свет
  • АКТУЕЛ
    • Култура
    • Магазин
    • Технологија
    • Автозона
    • Камера
    • Инфо Плус
  • COVID-19
  • КОНТАКТ
  • NTV АРХИВА
NTV.mk
  • ПРВА
  • ИНФО
    • Македонија
    • Политика
    • Економија
    • Метропола
    • Регион
    • Хроника
    • Свет
  • АКТУЕЛ
    • Култура
    • Магазин
    • Технологија
    • Автозона
    • Камера
    • Инфо Плус
  • COVID-19
  • КОНТАКТ
  • NTV АРХИВА
  • Facebook

  • Twitter

  • Instagram

  • YouTube

  • RSS

Економија

Претставен предлог буџетот за 2022 година, ќе има ли кој да го изгласа?

Претставен предлог буџетот за 2022 година, ќе има ли кој да го изгласа?
NTV mk
ноември 2, 2021

Фатмир Бесими, министер за Финансии, го презентираше предлог-буџетот за 2022 година, кој пак Владата го донела за време на изборниот молк од вториот круг од локалните избори.

Со новите предвидувања расходната страна на државната каса за 2022 година е планирана на 4,4 милијарди евра и овој износ е за 1,4 проценти поголем отколку во 2021 година. Во Буџетот, во текот на наредната година се предвидуваат да се соберат 3,9 милијарди евра, или 7,4 проценти повеќе од приходот проектиран за годинава. Овие податоци ги соопшти министерот за финасии Фатмир Бесими на прес конференцијата која е во тек, а се однесуваат на Предлог-буџетот за 2022.

Буџетот се прави како дел од една среднорочна рамка во која дел е фискалната консолидација. Во тие рамки во расходите се намалени тековните расходи. Буџетскиот дефицит е 541 милиони евра и како што потенцираше Бесими, тој ќе се користи исклучиво за капитални расходи.

Капиталните расходи се 37,8 милијарди денари, а буџетскиот дефицит е 33,3 милијарди денари. Како што може да се види, буџетскиот дефицит е помал од капиталнит расходи. Тоа е златното правило во јавните финасии што го прави овој буџет развоен и според теоријата и во пракса – рече Бесими.

Тој потенцираше дека идната година економскиот раст е планиран на 4,6 проценти, а инфлацијата на 2,4 проценти, односно се очекуваа таа да се стабилизира и во вториот квартал од наредната година да има релаксирање на цените.

Бесими најави и поголеми плати за здравствените работници, во износ од 5 отсто, односно, како што објасни тоа што годинава го добивале како бонус кој бил обезбеден преку кредит од Светската банка, во наредната година ќе се трансформира во редовни зголемени плати, за што се предвидени буџетски средства.

Инаку, идната година треба да вратиме 11,6 милијарди денари, односно 188 милиони евра, и тоа 6,5 милијарди денари кон надворешни кредитори и 5,5 милијарди денари кон домашни инвеститори.

Министерот ги претстави и новите извори на финансирање: развојна, зелена, проектна обврзница и обврзница индицирана со инфлација. Во Собранието веќе се појавија стравувања дали ќе се донесе Буџетот за 2022 година, сега кога е извесно дека ќе падне Владата, а партиите и Собранието ќе се занимаваат со преговори за обезбедување мнозинство, со гласање нова Влада.

Клучни поими:Буџет 2022ВладаСлајдерТОП ВЕСТФатмир БесимиФинансии
Додавање коментар

Мора да сте најавени за да додадете коментар Најава

Оставете одговор

Откажи одговор

You must be logged in to post a comment.

Економија
ноември 2, 2021
NTV mk | ntvmkd | ntvmk | ntv.mk

ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИБуџет 2022ВладаСлајдерТОП ВЕСТФатмир БесимиФинансии

Повеќе од Економија

Еуростат: Скоро половина од населението во Македонија е под ризик на сиромаштија

NTV mkноември 3, 2021
Прочитај повеќе...

Цената на струјата до крајот на годинава останува иста, за понатаму ќе видиме…

NTV mkоктомври 26, 2021
Прочитај повеќе...

Намален БДП за 3,3 отсто во третиот квартал на 2020

NTV mkдекември 7, 2020
Прочитај повеќе...

Бензините поевтинуваат, дизелот останува со иста цена

NTV mkдекември 7, 2020
Прочитај повеќе...

На скопскиот аеродром слета првиот лет од Киев

NTV mkдекември 6, 2020
Прочитај повеќе...

КСС: 50% поголема дневница за оние кои ќе работат во Недела

NTV mkдекември 1, 2020
Прочитај повеќе...
Скролајте за повеќе
НТВ

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

  • Земјотрес со јачина од 4,3 степени по рихтер ја стресе Грција
    Регионноември 9, 2021
  • Елмас: Со офанзивен фудбал во Ерменија се оди за победа!
    Спортноември 9, 2021

Следете нè на Фејсбук

NTV.mk
  • Популарно

  • НАЈЧИТАНИ 7

  • Коментари

  • Земјотрес со јачина од 4,3 степени по рихтер ја стресе Грција
    Регионноември 9, 2021
  • Елмас: Со офанзивен фудбал во Ерменија се оди за победа!
    Спортноември 9, 2021
  • За една недела 178 непрописно паркирани возила во Општина Центар – паркинг поредокот тешко се почитува
    Метрополаноември 9, 2021

Мој Воздух

НТВ.мк е овозможено од:

NTV.mk

Визијата за „Национална ТВ“ е основање професионален медиум. Во време на поделена медиумска сцена, ќе бидеме мост на различните гледишта.

Издавач: ИНРЕКОМ Скопје

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Приклучете ни се на Фејсбук

NTV.mk

Сите права се задржани © 2022 NTV.mk.

Цената на струјата до крајот на годинава останува иста, за понатаму ќе видиме…
Еуростат: Скоро половина од населението во Македонија е под ризик на сиромаштија