Досега осумина се приведени во полициската акција за сузбивање на шверц со наркотици која изминатите два дена МВР ја спроведуваше во Арачиново, информираше денеска на прес-конференција министерот Оливер Спасовски.
Сепак, Спасовски не откри повеќе детали, освен дека за сите осомничени ќе биде побаран притвор и оти истрагата е проширена.
Апелираше до новинарите. да ги остават колегите да ја завршат работата, бидејќи истрага не се води преку медиумите.
Оставете да работат колегите. Кога ќе завршат и кога ќе ги имаме сите податоци да ги споделиме, тоа ќе го направиме. Не треба да наштетиме на истрагата во овој период. Нема да ја постигнеме целта. Целта е да ја завршиме истрагата, а сторителите да сносат одговорност, рече Спасовски.
Полицијата минатите два дена вршеше претреси во скопско Арачиново трагајќи по двата тони марихуана кои беа украдени од склад во валандовско Јосифово. Камионот кој беше украден, без приколка беше пронајден на паркинг близу Граничниот премиер – Блаце кон Косово.


Facebook
Twitter
Instagram
YouTube
RSS