• ПРВА
  • ИНФО
    • Македонија
    • Политика
    • Економија
    • Метропола
    • Регион
    • Хроника
    • Свет
  • АКТУЕЛ
    • Култура
    • Магазин
    • Технологија
    • Автозона
    • Камера
    • Инфо Плус
  • COVID-19
  • КОНТАКТ
  • NTV АРХИВА
NTV.mk
  • ПРВА
  • ИНФО
    • Македонија
    • Политика
    • Економија
    • Метропола
    • Регион
    • Хроника
    • Свет
  • АКТУЕЛ
    • Култура
    • Магазин
    • Технологија
    • Автозона
    • Камера
    • Инфо Плус
  • COVID-19
  • КОНТАКТ
  • NTV АРХИВА
  • Facebook

  • Twitter

  • Instagram

  • YouTube

  • RSS

Технологија

Доаѓа ZTE Axon 20, прв достапен телефон со камера под дисплејот

Доаѓа ZTE Axon 20, прв достапен телефон со камера под дисплејот
NTV mk
декември 4, 2020

ZTE Axon 20 5G дебитираше пред неколку месеци како прв паметен телефон во светот со камера под дисплејот, а наскоро ќе можете да го купите од продажба.

ZTE потврди дека Axon 20 5G ќе започне да се продава на глобално ниво на 21 декември. На почетокот ќе биде достапен на 11 пазари за почеток, вклучувајќи ги Велика Британија, Европската унија, Јапонија, Кореја, Тајланд, Малезија, Филипини, Обединети Арапски Емирати Украина, Саудиска Арабија и Јужна Африка.

Засега нема информации колку ќе чини Axon 20 5G, но од ZTE велат дека тие информации ќе бидат откриени „наскоро“.

Главната карактеристика на Axon 20 5G е неговата селфи камера со 32MP, која се наоѓа под дисплејот. ZTE користи неколку технологии за да ја сокрие таа камера под 6,92-инчниот 2460×1080 OLED екран, притоа осигурувајќи се дека таа ќе работи добро, користејќи материјал со висока транспарентност што помага да се добие поголема светлина до фотоапаратот и специјална пикселна матрица за да се создаде поприродна транзиција при користењето и криењето на камерата. Посебен алгоритам помага да се подобри јасноста на фотографијата.

ZTE има натрупано уште четири камери на задниот дел од Axon 20 5G, вклучувајќи главна камера од 64MP, ултра-широка 8MP со видливо поле од 120 степени, длабочина од 2MP и макро камери од 2MP. Внатре во телефонот има Snapdragon 765G процесор спарен со 8 GB RAM меморија, 128 GB простор и батерија од 4220mAh со поддршка за брзо полнење до 30W.

Производителите на уреди користеа многу методи за да вградат селфи камера под нивните телефони со дисплеи кои се простираат од раб до раб, вклучително засеци (notch), дупки во екранот (hole punch) и механизми за подигање на камерата.

Сето ова доведе до камери под дисплејот кои се целосно сокриени кога не се користат. И иако се чини малку веројатно дека ќе го видиме Axon 20 5G во Македонија, дефинитивно сме заинтересирани да видиме колку добро работи селфи камера под дисплејот сега кога има прв ваков уред достапен во јавноста.

Клучни поими:ZTE Axon 5gМакеоднијаСмартфонТехнологијаТОП ВЕСТ
Додавање коментар

Мора да сте најавени за да додадете коментар Најава

Оставете одговор

Откажи одговор

You must be logged in to post a comment.

Технологија
декември 4, 2020
NTV mk | ntvmkd | ntvmk | ntv.mk

ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИZTE Axon 5gМакеоднијаСмартфонТехнологијаТОП ВЕСТ

Повеќе од Технологија

Дали 11 милиони долари се доволни за создавање на најмоќниот телескоп досега?

NTV mkноември 9, 2021
Прочитај повеќе...

Црна Гора: Претставен првиот електричен мултикоптер од домашно производство

NTV mkдекември 10, 2020
Прочитај повеќе...
Скролајте за повеќе
НТВ

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

  • Земјотрес со јачина од 4,3 степени по рихтер ја стресе Грција
    Регионноември 9, 2021
  • Елмас: Со офанзивен фудбал во Ерменија се оди за победа!
    Спортноември 9, 2021

Следете нè на Фејсбук

NTV.mk
  • Популарно

  • НАЈЧИТАНИ 7

  • Коментари

  • Земјотрес со јачина од 4,3 степени по рихтер ја стресе Грција
    Регионноември 9, 2021
  • Елмас: Со офанзивен фудбал во Ерменија се оди за победа!
    Спортноември 9, 2021
  • За една недела 178 непрописно паркирани возила во Општина Центар – паркинг поредокот тешко се почитува
    Метрополаноември 9, 2021

Мој Воздух

НТВ.мк е овозможено од:

NTV.mk

Визијата за „Национална ТВ“ е основање професионален медиум. Во време на поделена медиумска сцена, ќе бидеме мост на различните гледишта.

Издавач: ИНРЕКОМ Скопје

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Приклучете ни се на Фејсбук

NTV.mk

Сите права се задржани © 2022 NTV.mk.

Црна Гора: Претставен првиот електричен мултикоптер од домашно производство